20 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИIntel се гордее со растот на приходите

Intel се гордее со растот на приходите

Минатиот квартал беше успешен за американскиот производител на чипови „Intel“. Компанијата може да се пофали со раст на приходите од 2 отсто на 16,1 милијарда долари. Профитот, сепак, скокна за една третина на 4,5 милијарди долари, соопштија од „Intel“, а пренесе „Блумберг“.

Големиот пораст делумно се должи на повисоките трошоци за реструктуирање во минатата година, што негативно влијаеше на профитот тогаш.

Во бизнисот со компјутерски чипови, деловните приходи остануваат на 8,9 милијарди долари од минатата година. Намалувањето на продажбата од 7% беше компензирано со зголемувањето на цените.

Од друга страна, приходите од процесорите скокнаа за 7 отсто на 4,9 милијарди долари.

Компанијата, исто така, ги зголеми очекувањата за приходи за целата 2017-та година – од 0,7 милијарди долари до 62 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП