15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈувентус заинтересиран за Андре Гомеш

Јувентус заинтересиран за Андре Гомеш

Италијанскиот шампион Јувентус го обнови интересот за португалскиот репрезентативец Андре Гомеш, објавија медиумите на Апенинскиот Полуостров.

Јувентус и во летниот преоден рок во 2016 година се обиде да го реализира трансферот на Андре Гомеш, но тој тогаш се реши за Барселона, која понуди повеќе пари.

Сепак, Португалецот во Барселона не одигра ниту дел од она што го играше во Валенсија поради што не е исклучена можноста клубот од „Камп Ноу“ да го продаде.

Покрај Јувентус, интерес за Андре Гомеш покажуваат и неколку екипи од Премиер лигата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП