5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗIMx Concept - електричниот кросовер на Nissan (фото+видео)

IMx Concept – електричниот кросовер на Nissan (фото+видео)

Јапонскиот производител „Nissan Motor Company“ официјално го претстави концептот на електричен кросовер, опремен со систем за автономно управување. Автомобилот го има добиено името „Nissan IMx Concept“, а премиерата се одржа на отворањето на саемот во Токио.

Прикажаниот „Nissan IMx Concept“ беше прогласен како еден од најважните модели во историјата на компанијата. Се очекува голем дел од технологијата во него да биде употребена при следната генерација на „Nissan Juke“, иако засега претставници на производителот одбиваат да коментираат за сличен развој на работите.

Според официјалните информации, со едно полнење „Nissan IMx Concept“ може да помине околу 600 километри. Во основата на прототипот е целосно нова платформа, врз чие создавање јапонските инженери се труделе неколку години. Таа ќе биде користена за цело семејство нови електрични возила на брендот.

Концептниот електричен кросовер има голема кабина, низок центар на гравитација и ветува импресивно управување. Од „Nissan“ го одредуваат моделот не само како електромобил, туку како „многу умен електромобил“. Тој не само што може да користи електрична енергија, но и да ја создава. И да го полни домот на сопственикот, на пример.

Моќноста на машината се обезбедува од два електромотори – по еден на секој мост. Вкупната моќност 320 kW (435,07 КС), а максималниот вртежен момент – 700 Nm, а декларираната од производителот километража со едно полнење е 600 километри.

Кросоверот го има ажурираниот систем за автономно управување „Nissan ProPILOT“. Тој е така развиен дека воланот може да се собира и електромобилот да се снаоѓа без никаква помош од страна на возачот. Освен тоа, возилото ќе ги запамети слободните места за паркирање на патот, а исто така може да разменува информации со другите возила.

Во кабината на „Nissan IMx Concept“ недостасуваат познатите додатоци кои ќе бидат заменети со панорамски Инструмент панел. Оваа одлука се уште се тестира, но од „Nissan“ се категорични дека тој ќе се користи и кај сериските модели. Неговата основна идеја е сè да биде лесно достапно за возачот и патниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП