10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЦиндриќ: Секој играч може многу да научи од Червар

Циндриќ: Секој играч може многу да научи од Червар

Средниот бек на Вардар, Лука Циндриќ, е дел од репрезентацијата на Хрватска, која во Загреб ја собра селекторот Лино Червар на подготовки во рамките на ЕХФ-неделата.

Хрватска во јануари в година ќе биде домаќин и еден од фаворитите за освојување на титулата на Европското првенство, а Циндриќ треба да биде еден од оние околу кои Червар ќе ја гради играта на националниот тим.

„Атмосферата е добра, тренираме напорно. Немаме време за некои поконкретни уигрувања, па овие две средби што ќе ги играме против Словенија добро ќе ни дојдат да видиме до каде сме“, рекол Циндриќ во интервју за „Вечерњи лист“.

Пошироката ракометна јавност го запозна Циндриќ кога Лино Червар го донесе во Металург како замена за тогаш повредениот Наумче Мојсовски. Тој вели дека со својот поранешен тренер има одличен однос.

„На секој собир на репрезентацијата Червар носи нешто ново, некоја нова идеја и тоа ми се допаѓа. Накратко, Червар е врвен тренер од кого секој играч може многу да научи. Па во врвниот ракомет јас шансата ја добив од Червар и ја искористив“, истакнал играчот на Вардар.

Во репрезентацијата на Хрватска ќе дебитира Халил Јагањац, кој од оваа сезона игра во Металург, а Циндриќ смета дека 19-годишникот е голем потенцијал.

Потенцира дека во минатата сезона го имал најтажниот и најсреќен ден во животот. Со Хрватска несреќно испадна во полуфиналето на Светското првенство, но со Вардар отиде до самиот крај и ја освои европската клупска титула.

Прашан дали сега би прифатил сребро на Европското првенство, Циндриќ одговорил.

„Не би прифатил. Ако веќе стигнеме до финалето, тогаш го сакаме златниот медал“.

Хрватска на Европското првенство во првата фаза во Сплит ќе игра против Шведска, Србија и Исланд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП