2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВермален иако не играше 19 месеци заработи богатство од Барселона

Вермален иако не играше 19 месеци заработи богатство од Барселона

Белгиецот Томас Вермален конечно се појави во составот на Барселона. Од неговиот последен меч за каталонскиот гигант мина една година, седум месеци и 12 дена.

Белгиецот кој низ целата своја кариера се мачи со повредите синоќа се појави со составот на Барселона, во куп-натпреварот со Мурсија (3:0), го одигра целиот натпревар и не се повреди. Пред тоа Вермален последен пат во тимот на Барселона се појави на 12 март 2016 година во победата над Гранада 6:0.

Од тој натпревар со Гранада до синоќешниот со Мурсија, Вермален од Барселона заработил пет милиони евра, иако не беше во комбинација за место во тимот поради повредите, лошата форма и поради тоа што минатата сезона беше позајмен во Рома.

Вермален во 2014 година од Арсенал пристигна во Барселона за сума од 10 милиони евра и потенцијални девет милиони евра од бонуси. Во неговиот договор со Барселона не постои клаузула за бројот на одиграни натпревари, туку постојат две помалку бизарни клаузули.

Морал да го научи каталонскиот јазик и морал да вложи максимален напор за да се интегрира во каталонското општество, а според втората клаузула, добива 100.000 евра годишно како компензација тимот да може да го користи на секоја позиција.

Белгиецот има договор со Барселона до јуни 2019 година. Годишно заработува 3,5 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП