6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАтлетико во Негредо гледа замена за Фалкао

Атлетико во Негредо гледа замена за Фалкао

Alvaro_Negredo

Раководството на Атлетико Мадрид ќе се обиде да го доведе на „Висенте Калдерон“ напаѓачот на Севилја Алваро Негредо кој ќе биде замена за колумбискиот голгетер Радамел Фалкао, кој речиси со сигурност ќе биде продаден во текот на летото.

Според медиумите во Шпанија напаѓачот на „андалузијците“ му дал зелено светло на агентот да започне преговори со освојувачот на Кралскиот куп и иден учесник во Лигата на шампионите.

Очекувањата се „јорганџиите“ да понудат 18 милиони евра за Негредо, додека Севилја сакаат 25 милиони евра за својот капитен.

Интерес за 27-годишниот шпански репрезентативец пројавуваат уште и Борусија Дортмунд, Фиорентина и Вест Хем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП