14 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБлокотехна загуби на гостувањето кај Левски

Блокотехна загуби на гостувањето кај Левски

Блокотехна загуби на гостувањето кај Левски во Софија со 99:93 по дополнителни пет минути игра, за гевгеличани да го забележат првиот пораз во регионалната БИБЛ лига. Во регуларниот дел мечот заврши 84:84 и беше одбележан со доста „искри“.

Левски подобро го почна мечот и првата четвртина ја завршија со два поена предност (25:23), за во втората четвртина македонскиот тим да игра подобро и со низа од 10-0 да дојде до 37:30, пред по падот на концентрацијата, Левски да има солидни 46:39 на полувремето.

Во второто полувреме, тимот на Марјан Илиевски се „држеше“ добро и во финишот на мечот ја анулираа предноста на домаќините. По кошот на Мијатовиќ, Блокотехна дури поведе со 82:81, но бугарскиот тим успеа да израмни преку Веселинов, кој погоди само едно од слободните фрлања за израмнување. Во продолжението, Левски ја направи клучната предност и веќе немаше враќање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП