ПочетнаИНТЕРЕСНОДва месеци пауза за Теодосиќ

Два месеци пауза за Теодосиќ

Српскиот плејмејкер, Милош Теодосиќ, поради повредата на стапалото би можел да паузира во наредните два месеци.

Теодосиќ се повреди изминатата ноќ на натпреварот помеѓу ЛА Клиперс и Феникс Санс, а неговиот тим соопшти дека се уште не е познато колку тој ќе отсуствува од терените, ниту пак колку е сериозна повредата.

Некогашниот играч на Олимпијакос и ЦСКА Москва го повредил лигаментот кoј ги врзува петицата и прстите во ногата.

Иако клубот не соопшти ништо, американските медиуми шпекулираат дека српскиот репрезентативец ќе паузира нешто повеќе од два месеци и дека на теренитие ќе се врати по Нова година.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП