6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДва нови гола за Јаховиќ

Два нови гола за Јаховиќ

Македонскиот репрезентативец Адис Јаховиќ продолжува да е бесценет за тимот на Гезтепе кога во 3:3 ремито против Аланијаспор постигна два гола за турскиот тим.

Јаховиќ првин во 41. минута донесе водство за Гезтепе од 1:0, за потоа во 74. минута да го постигне голот за турскиот прволигаш за водство од 3:1. И покрај ова, гостите успеаја да извојуваат реми кога постигнаа два гола во последните три минути од натпреварот.

Со овие два гола Јаховиќ има фантастични 11 гола за турскиот прволигаш оваа сезона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП