19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВенус и Мугуруза пред нов дуел на ВТА-финалето

Венус и Мугуруза пред нов дуел на ВТА-финалето

Венус Вилијамс ќе има шанса да се одмазди за поразот во финалето на Вимблдон од шпанската тенисерка Гарбиње Мугуруза кога двете беа извлечени во истата група на ВТА-финалето во Сингапур, елитниот турнир за осумте најдобри тенисерки на светот.

Светската тенисерка број 2, Мугуруза, ја победи 37-годишната ветеранка со 7:5/6:0 за својата втора гренд слем титула во Лондон во јули, а сега двете се во истата бела група, заедно со Чехинката Каролина Плишкова и младата шампионка од „Ролан Гарос“, Летонката Јелена Остапенко. Групата со моќни агресивни тенисерки со голем сервис ќе започне со игра в недела кога Плишкова ќе игра со Вилијамс пред Мугуруза да игра со Остапенко.

Светската тенисерка број 1, Симона Халеп, ја предводи црвената група заедно со Украинката Елина Свитолина, Данката Каролине Вознијацки и Французинката Каролине Гарсија. Нивните мечеви почнуваат в понеделник. Халеп вторпат во три недели ќе се сретне со Гарсија откако Французинката ја победи во финалето на Кина опен, еден ден откако Романката стана светска тенисерка број 1.

ЦРВЕНА ГРУПА

(1) Симона Халеп (Романија)

(4) Елина Свитолина (Украина)

(6) Каролине Вознијацки (Данска)

(8) Каролине Гарсија (Фра)

БЕЛА ГРУПА

(2) Гарбиње Мугуруза (Шпанија)

(3) Каролина Плишкова (Чешка)

(5) Венус Вилијамс (САД)

(7) Јелена Остапенко (Летонија)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП