27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБразилскиот суд го осуди Нејмар, мора дa плати милион евра

Бразилскиот суд го осуди Нејмар, мора дa плати милион евра

Бразилскиот федерален суд го осуди на глоба од еден милион евра најскапиот светски фудбалер Нејмар поради неплаќање данок од правата на фотографиите.

Нејмар веќе има една пресуда за неплаќање данок од 2011 и 2013 година, а сега е казнет дека користел фиктивни фирми за да плаќа помал данок, со што го оштетил буџетот.

Поради финансиски малверзации поврзани со трансферот во Барселона, на Нејмар пред две години му беше запленет имот вреден повеќе од 50 милиони евра.

Бразилскиот напаѓач е само уште еден од врвните светски фудбалери што избегнуваа да платат данок. Во оваа група е и Лионел Меси, а наскоро би можел да им се приклучи и Кристијано Роналдо против кого се води процес во Мадрид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП