27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФИФА ќе дозволи менување на националниот дрес?

ФИФА ќе дозволи менување на националниот дрес?

Светската фудбалска федерација (ФИФА) размислува за намалување на рестрикциите за играчите што ќе сакаат да го сменат националниот дрес, а еден предлог вели дека се потребни одредени услови за да се дозволи трансферот без период за чекање.

Шефот на акционерите на ФИФА, Виктор Монтаљани, вели дека постојат неколку проблеми за правилата кои се направени за да се спречи менување на дресот. Според сегашните правила, играчите што настапувале за една репрезентација не смеат да ја сменат дури и да имаат двојно државјанство.

Фудбалската федерација на Зелено’ртските Острови даде предлог да се дозволи трансфер на фудбалери што имаат по еден или два натпревара за својата репрезентација, без реални шанси повторно да бидат повикани. Засега им е дозволено да ја претставуваат репрезентацијата со која немаат крвни врски, само ако играле и живееле во таа земја пет години.

Ова може да има влијание и на изборот на македонските репрезентативци во иднина преку ангажирање играчи со македонско потекло од европските земји, а кои можеби имале некој настап за други репрезентации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП