6 јули, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛШ: ЕХФ најавува лига со 12 клуба

ЛШ: ЕХФ најавува лига со 12 клуба

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги најави новите планови за иднина во кои е опфатен новиот формат на натпреварувања во Лигата на шампионите од 2020 година кога само 12 клуба ќе бидат дел од елитата.

Осум тима ќе доаѓаат од најдобрите лиги на светот, а четири од нив ќе изборат пласман преку квалификациите. Тоа значи 22 кола во лигашкиот формат, по што најдобрите осум ќе играат четврт-финале, па ќе следува фајналфор-турнирот.

ЕХФ-купот ќе го смени името во Европска ракометна лига (ЕХЛ) со 24 клуба во четири групи. Четирите најдобри од групите ќе играат во осмина-финале. Челинџ-купот останува со ист формат, но сега ќе биде познат како ЕХФ-куп.

Со ова би требало да се добијат повеќе средства за клубовите бидејќи има над 25 агенциски компании што се заинтересирани за купувањата на правата на лигата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар