3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРамос и Пике би можеле да ја бојкотираат репрезентацијата

Рамос и Пике би можеле да ја бојкотираат репрезентацијата

Голем скандал би можел да ја погоди фудбалската репрезентација на Шпанија, а причина за сето тоа е отказот што го доби директорката на националниот тим, Марија Хосе Кларамунт.

Директорката која била омилена меѓу шпанските репрезентативци не успеа да ја преживее чистката што ја направи новиот претседател на Фудбалскиот сојуз на Шпанија, Хуан Луис Лареа.

Весникот „Марка“објави дека репрезентативците предводени од Серхио Рамос, Џерар Пике и Серхио Бускетс му се заканиле на Сојузот, на неговиот претседател и на селекторот дека нема да играат за репрезентацијата доколку Кларамунт не биде вратена на својата функција.

Серхио Рамос својата порака ја испратил по завршувањето на квалификацискиот натпревар со Италија.

„Во интерес на сите е Марија Хосе Кларамунт да остане со нас!“.

Извори блиски до тројцата фудбалери тврдат дека Рамос, Бускетс и Пике се сериозни во намерите да се пензионираат од националниот тим доколку Сојузот и претседателот останат глуви на ова нивно барање.

Тие му биле толку лути на претседателот Лареа што му забраниле да влегува во соблекувалната, а наводно побарале и нови избори за претседателот на Сојузот.

Тие му биле лути на Лареа бидејќи одлуката да ја отпушти директорката Кларамунт им ја соопштил на денот на натпреварот и со тоа им ја нарушил концентрацијата.

Шпанија во групата во која беше и Македонија го освои првото место, пред Италија, и обезбеди директен пласман на Светското првенство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП