2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХрватите го сакаат Анчелоти за селектор

Хрватите го сакаат Анчелоти за селектор

Тиражниот италијански весник „Газета дело Спорт“ објави дека Карло Анчелоти преговара со Фудбалскиот сојуз на Хрватска околу преземањето на националниот тим на оваа земја.

Според истиот извор, Хрватите го контактирале Анчелоти, откако тој доби отказ во минхенски Баерн и му понудиле да ја предводи Хрватска на Светсокото првенство, доколку „коцкестите“ го минат баражот двомечот на 9 и 12 ноември.

Инаку Хрватска на полседниот меч во квалификациите и победата во Украина (0:2) ја предводеше Златко Далиќ, тој го наследи Анте Чачиќ кој доби отказ по неколкуте лоши резултати, поради што Хрватска ќе мора да игра дополнителни две средби за да се пласира на Мундијалот.

Како што пишува „Газета дело Спорт“, иако на Далиќ му било ветено дека ќе ја води селекцијата на Сп во Русија доколку го биде успешен во баражот, челниците на Фудбалскиот сојуз на Хрватска „биле уверени дека на нивниот тим, кој е преполн со одлични играчи, му недостига само искусен, врвен тренер, кој имал успеси на сите нивоа“.

Анчелоти со Хрватите веќе ги обавил првите разговори и наводно бил подготвен да работи и за помала плата, само за да ги предводи „коцкестите“ на Мундијалот. Познато е дека 59-годишниот Италијанец во Реал Мадрид заработуваше годишно по 7,5 милиони евра.

Карло Анчелоти е еден од најдобрите во својата работа, тој ја има освоено Лигата на шампиони три пати, а успеал да биде шампион во четири национални шампионати (Италија, Франција, Англија, Германија).

Во кариерата работел во Реџана, Парма, Јувентус, Милан, Челси, ПСЖ, Реал и Баерн.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП