13 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМеси со 100-ти европски гол, Челси и Рома се надигруваа

Меси со 100-ти европски гол, Челси и Рома се надигруваа

Барселона и покрај исклучувањето на Жерард Пике поради обид да даде гол со рака, стигна до 3:1 победа над тимот на Олимпијакос, а Лио Меси повторно постигна одличен гол од слободен удар. На трибините на „Ноу Камп“, тимот побара „дијалог и почитување“ по бурните настани околу каталонската независност.

Аргентинецот, кој сам ја однесе Аргентина на СП со хет-трик на гостувањето кај Еквадор, оваа сезона за Барселона има одиграно 11 натпревари во кои постигна 14 гола и имаше две асистенции.

Челси и Рома го одиграа најинтересниот натпревар во Лигата на шампионите откако ги почестија гледачите со шест гола и со многу пресврти, додека моќни победи остварија Баерн со старо-новиот тренер Јуп Хајнкес, Барселона и ПСЖ.

Челси имаше убедливо водство од 2:0 со одличните голови на Давид Луиз и Еден Азар, пред Александар Коларов и Един Џеко да направат целосен пресврт за „волчицата“. Џеко со два одлични гола ги донесе Рома до изненадувачко водство, пред Азар со вториот гол да ја покаже својата вредност во тимот на Антонио Конте.

За парижани проработе напаѓачкиот квалитет, откако Килијан Мбапе, Единсон Кавани, Нејмар и Анхел ди Марија им донесоа на ПСЖ победа од 4:0 на гостувањето кај Андерлехт. Во Б-групата, Баерн, лесно со 3:0 го совлада шкотскиот шампион Селтик, за прва европска победа оваа сезона под водство на „вечниот“ Јуп Хајнкес.

Одличниот трик-удар на Маркус Рашфорд беше доволен Манчестер јунајтед да си замине со три поени од португалското гостување кај Бенфика, додека Базел покажа дека е многу сериозна екипа кога се работи за европските натпреварувања со победа од21:0 над ЦСКА во студената Москва.

ГРУПА А

Бенфика – Манчестер јунајтед 0:1

ЦСКА Москва – Базел 0:2

ГРУПА Б

Андерлехт – ПСЖ 0:3

Баерн – Селтик 3:0

ГРУПА Ц

Карабах – Атлетико М. 0:0

Челси – Рома 3:3

ГРУПА Д

Барселона – Олимпијакос 3:1

Јувентус – Спортинг 2:1

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП