28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКарабах извлече бод во дуелот против Атлетико

Карабах извлече бод во дуелот против Атлетико

И покрај тоа што Атлетико Мадрид имаше играч повеќе во последните 15 минути од натпреварот, азебејџанскиот дебитант во Лигата на шампионите, Карабах, успеа да одигра без голови и да го освои својот прв поен во елитното натпреварување.

Јужноафриканскиот напаѓач Дино Ндлову доби втор жолт картон во 75. минута, но ниту тоа не беше доволно Атлетико да ја прекине сушата во Лигата на шампионите. Статистиката вели дека Атлетико има постигнато само еден гол (и тоа од белата точка) од 44 удари на голот во трите досегашни меча.

За Атлетико поените загубени на крајбрежјето на Каспиското Езеро може да се покажат како клучни бидејќи сега шпанскиот тим има само 2 поена по три меча, два помалку од Рома и три помалку од Челси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП