WhatsApp ги здружи силите со„ Google Maps“ и „Facebook“ со што им овозможи на корисниците опција да споделат локација во реално време.
Оваа опција од денеска може да ја користат сите сопственици на мобилните уреди со „Android“ и „iOS“ оперативните системи.
Опцијата „Live Location“ се активира преку разговорот, а се што е потребно да се кликне на „attach“ и да се избере опцијата „Location“.
Тогаш ќе се појави нова опција за споделување на локацијата во живо, од кои е можно да се одобри споделување на локациите 15 минути, 1 час или 8 часа. Потоа е потребно да се притисне само „send“.
„Live Location“ е видлива само за учесниците во конверзацијата. Ако повеќе луѓе ја споделуваат истата локација, секоја личност ќе биде видлива на мапата.