29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИIBM првпат очекува раст по 5 години

IBM првпат очекува раст по 5 години

По повеќе од пет години пад на продажбата, американската технолошка компанија „IBM“ вели дека конечно ќе им покаже на инвеститорите дека повторно би можеле да растат.

Дел од поттикот ќе дојде од традиционалниот хардверски бизнис на компанијата, а не од новите облачни услуги или анализите на податоци, на кои „IBM“ се потпира за раст, пренесува „Bloomberg“.

Приходите за четвртиот квартал се очекува да изнесуваат меѓу 22 милијарди долари и 22,1 милијарди долари, што ќе претставува и 1,5% раст во однос на истиот период од 2016-та година. Но износот и е над просечните очекувања на аналитичарите од 21, 8 милијарди долари. Во последниот квартал од годината, историски најсилниот период за „IBM“, приходите ќе се подобрат со 2,9 милијарди долари, засилени делумно од продажбата на новиот супер сервер, изјави главниот финансиски директор Мартин Шротер.

„Овој сервер ќе доведе до многу позитивен раст во четвртиот квартал“, вели Џош Олсон, аналитичар во „Edward Jones & Co“. „Кога продавате сервер, вие исто продавате многу софтвер и услуги поврзани со него“.

Доколку „IBM“ ги постигне своите очекувања, ќе ја заврши серијата од 22 последователни квартали од намалувањето на приходите. Во третиот квартал, компанијата се приближи до крајот на оваа криза. Обновата на растот е главна цел на главниот извршен директор Џини Ромети, а инвеститорите бараат доказ дека компанијата конечно може да го сопре трендот.

За третиот квартал, компанијата повторно објави пад во приходите и профитот. Падот е за 4 отсто на 2,7 милијарди долари, соопшти компанијата. Оперативната добивка, без некои специјални ефекти, изнесува 3,30 долари по акција со просечна проценка од 3,28 долари.

Приходите паднаа за 0,4 отсто на 19,2 милијарди долари. Аналитичарите очекуваа приходи од 18,6 милијарди долари, а како резултат на тоа акциите поскапеа во берзанската сесија со 5,3 отсто до 154,33 долари за готово.

Растот доаѓа од хардверското работење, како и од поделбата во која се концентрирани повеќето софтверски производи.

Статусот на „IBM“ како компанија која плаќа високи дивиденди натера многу инвеститори да се надеваат дека таа може да постигне пресврт, но повеќегодишните падови на приходите ја намалија довербата. Ворен Бафет, некогаш најмногу гласниот поддржувач на „IBM“ и најголемиот акционер преку својата компанија „Berkshire Hathaway Inc.“, продаде околу една третина од инвестицијата на „Berkshire“ во „IBM“ претходно во оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП