27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМакедонија ќе биде домаќин на Норвешка на 11-ти ноември

Македонија ќе биде домаќин на Норвешка на 11-ти ноември

Најдобрата македонска фудбалска репрезентација на 11-ти ноември ќе одигра пријателски натпревар со селекцијата на Норвешка на арената „Филип Втори“ во Скопје.

Македонија досега има одиграно три натпревари против Норвешка, два квалификациски и еден пријателски и сè уште е без победа против оваа скандинавска селекција.

Во квалификациите за СП 2010 година дуелот без голови во Скопје, додека на гостувањето во Осло, Норвешка, славеше со 2:1. Во 2013 година на пријателски натпревар во Осло Македонија загуби со 2:0.

На најновата ФИФА-листа, која беше објавена во понеделникот, Норвешка е рангирана на 58., а Македонија на 85. место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП