ПочетнаИНТЕРЕСНОСелта убедлива на гостувањето кај Лас Палмас

Селта убедлива на гостувањето кај Лас Палмас

Лас Палмас доживеа тежок пораз од Селта во последниот меч од осмата рунда во Ла Лига. Селта на Канарските острови славеше со 5:2.

Селта победата ја најави во првите 20 минути кога најпрвин Емре Мор во 16, а потоа и Аспас ги постигнаа првите два гола. Поранешниот напаѓач на Ливерпул потоа постигна уште два гола и го комплетира хет-трикот. Петтиот гол за гоcтите од Виго е дело на Ернандес.

Во финишот, во последните три минути Витоло и Реми ја спасија честа на домаќинот.

По осум кола, Селта е десетта со 11 бодови, а Лас Палмас со само шест бода е на 18.место.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП