2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРублев се квалификува на младинското финале

Рублев се квалификува на младинското финале

Русинот Андреј Рублев му се приклучува на Александер Зверев како квалификуван тенисер за финалето „Некст џен“, турнирот што АТП-турнејата го организира првпат и на кој ќе учествуваат најдобрите тенисери до 20 години. „Некст џен“ ќе се одржи од 7 до 11 ноември во Милано, Италија.

19-годишниот московјанин Рублев имаше одлична сезона, која експлодира во јули кога, иако беше поразен во последното коло на квалификациите, победи во пет меча за да ја освои првата титула на Сина лагуна опен во Умаг, Хрватска. Следниот месец тој стана најмладиот четвртфиналист на САД опен по Енди Родик во 2001 година победувајќи ги Григор Димитров и Давид Гофан пред да загуби од подоцнежниот шампион Рафаел Надал.

Со само две недели на календарот на третото место е рускиот сонародник на Рублев, Карен Хачанов, пред Канаѓанецот Денис Шаповалов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП