19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГазпром со зголемено производство на гас од почетокот на годината со над...

Газпром со зголемено производство на гас од почетокот на годината со над 18%

Газпром со зголемен производство на гас од 1-ви јануари до 15-ти октомври со 18,4 отсто до 361,1 милијарди кубни метри во однос на истиот период од минатата година, се наведува во соопштението на рускиот гигант, цитирано од агенциите.

Компанијата наведува дека во апсолутна смисла зголемувањето на производството е споредливо со вкупниот обем на извозот на руски гас во 2016-та година на турскиот, италијанскиот и австрискиот пазар.

Извозот за земјите надвор од ЕУ на независни држави (ЗНД) до 15-ти октомври е зголемен за 10,9 отсто до 148,6 милијарди кубни метри на годишна основа.

На рускиот пазар, по оперативни податоци за девет и пол месеци е доставен со 7,6% повеќе гас, отколку во истиот период од минатата година.

Зголемени се испораките за земјите потенцијални корисници на гас кој ќе се испорачува по гасоводот „Северен поток 2“. Така извозот на гас за Германија се зголеми за 9,7%, за Австрија со 48,3 отсто, за Чешка со 27,5%, а за Словачка со 31,4 отсто.

За Австрија и Словачка „Газпром“ извезол повеќе гас отколку во целата 2016-та година.

За девет и пол месеци од почетокот на 2017-та година во Австрија се доставени 6,4 милијарди кубни метри руски гас, а во текот на целата измината година – 6,1 милијарди кубни метри.

Компанијата извезе за Словачка 3,8 милијарди кубни метри гас во оваа година (наспроти 3,7 милијарди кубни метри во минатата година).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП