6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФИФА ги потврди листите пред ждрепката за баражот за Мундијалот во Русија

ФИФА ги потврди листите пред ждрепката за баражот за Мундијалот во Русија

ФИФА денеска ја објави најновата ранг-листа и ги потврди листите на носители, односно неносители во европскиот бараж за пласман на Светското првенство во Русија.

Ждрепката за европскиот бараж ќе биде извршена во вторник, а ФИФА соопшти дека носители ќе бидат репрезентациите на Швајцарија, Хрватска, Италија и Данска, кои за противници можат да ги добијат Северна Ирска, Шведска, Република Ирска или Грција.

Првите бараж-мечеви ќе се играат во периодот од 9 до 11 ноември, а реваншите ќе бидат на програмата во периодот помеѓу 12 и 14 ноември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП