19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИнсбрук не сака трета Зимска олимпијада

Инсбрук не сака трета Зимска олимпијада

Плановите на Инсбрук да се кандидира за организација на Зимските олимписки игри во 2026 година ќе бидат спречени од локалниот референдум кога повеќе од 53 отсто од гласачите одлучија дека на австрискиот град не му е потребен ваков трошок.

Австриската провинција Тирол изјави дека 53.56 отсто од 312.237 гласачи биле против Игрите, а 46.65 отсто гласале „за“. Инсбрук претходно беше домаќин на олимпијадите во 1964 и 1976 година.

Ова е уште еден удар за Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ) по драматичниот пад на интерес за организирање на олимпијадите последните неколку години најмногу поради големината и комплексноста на организацијата и високите трошоци.

Пекинг заедно со градот Жангџијаку го победи Алмати, Казахстан, во борбата за Зимската олимпијада во 2022 година, а сите други кандидати се откажаа – вклучувајќи го швајцарскиот Сент Мориц и германскиот Минхен, кои загубија на локалните референдуми. Четири од шесте кандидати за Летната олимпијада во 2024 година се повлекоа оставајќи ги Лос Анџелес и Париз во трката. ИОЦ реши Игрите во 2024 да се одржат во Париз, а тие во 2028 во Лос Анџелес без кандидирање и гласање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП