6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБолт трчаше на 5 километри

Болт трчаше на 5 километри

Осумкратниот олимписки шампион и светски рекордер на 100 и 200 метри, Јусеин Болт, му се врати на трчањето, но, наместо на спринт, на трка на 5 километри во добротворни цели во Јамајка.

Легендарниот Болт се повлече од атлетиката по Светското првенство во Лондон пред два месеца и оттогаш ужива во животот во пензија, но повторно се врати на трчањето на трката „Хироуз ин екшн“ во Кингстон, по што побара од своите следбеници на социјалните мрежи да го погодат неговото остварено време. Повеќето од неговите фанови сметаа дека тој ја завршил трката под 20 минути, нешто што е доста тешко за тие што не тренираат посебно за вакви трки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП