30 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНавивачите бараат 3,5 милиони влезници за Мундијалот

Навивачите бараат 3,5 милиони влезници за Мундијалот

Заклучно со четвртокот, има побарување за 3,5 милиони влезници за натпреварите кои ќе се играат на Светското првенство во Русија.

Според информациите кои ги објави ФИФА од 14 септември до 12 октомври побарани били 3.496.204 влезници.

Најмногу влезници побарале Русите, а околу 30 отсто отпаѓа на навивачите од другите земји. Германците, Бразилците, Аргентинците, Мексиканците, Колумбијците, Египѓаните, Кинезите и Полјаците се меѓу десетте нации кои побарале најмногу влезници.

Интересно меѓу нив се и Американците, кои не успеаја да ги минат квалификациите.

Побарувањето на билетите за натпреварите на Мундијалот ќе продолжи на 16 ноември.

ФИФА соопшти дека за воведниот меч на Светското првенство се побарани 150.000 влезници, а за финалето дури 300.000. Мундијалот во Русија ќе се игра од 14.јуни до 15.јули наредната година.

Групите ќе бидат извлечени на 1.јули, а сигурни учесници на Мундијалот се: Русија, Србија, Бразил, Мексико, Панама, Германија, Белгија, Иран, Саудиска Арабија, Шпанија, Англијам Нигерија, Јужна Кореја, Франција, Исланд, Уругвај, Колумбија, Аргентина, Костарика, Португалија, Полска, Јапонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП