18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПо кам-бекот прво финале за Шарапова

По кам-бекот прво финале за Шарапова

Марија Шарапова ќе го игра првото финале по враќањето по допинг-суспензијата, откако ја победи домашната фаворитка и трета носителка на Тијанџин опен во Кина, Пенг Шуаи со 6:3/6:1.

Русинката се врати на тенисот во април откако отслужи 15-месечна суспензија поради позитивен тест на мелдониум на Австралискиот опен во 2016 година, по што се повреди пред Вимблдон, но имаше успешно враќање на гренд слем турнирите на САД опен, стигнувајќи до третото коло. Ова е прво финале за Шарапова од Рим во 2015 година.

Во финалето, популарната Маша ќе се судри со новата белоруска тениска ѕвезда, 19-годишната Арина Сабаленка, која ја „збриша“ Италијанката Сара Ерани со 6:1/6:3. Сабаленка ќе игра за својот прв ВТА трофеј в недела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП