21 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИAmazon ќе работи со Apple и Google за подобрување на Alexa

Amazon ќе работи со Apple и Google за подобрување на Alexa

„Amazon.com“ има желба да се обедини со неговите ривали „Apple“ и „Google“, ако тоа помогне за подобрување на корисничкото искуство при користењето на нејзиниот гласовен виртуелен асистент „Alexa“.

Онлајн трговецот кој веќе работи со „Microsoft“ за решенија за продуктивност за „Alexa“, како интеракции со календарот, ќе стави корисникот на прво место, додека започнат новите партнерства, тврди Тони Рид, потпретседател на „Amazon“, одговорен за „Alexa“ и уредите „Echo“. Рид е во компанијата од 2014-та година.

„Ние сме многу посветени на пристапот на потрошувачите“, рече Рид.

Компанијата со седиште во Сиетл има 5.000 вработени кои работат на „Echo“ и платформата „Alexa“ кои вдахнува живот на овие уреди, посочува уште Рид. „Amazon“ смета дека во иднина гласовно активирање на уредите може да биде распоредено во секоја соба во домот, како и во автомобилите и хотелите, додава тој.

Конкурентите на „Amazon“ веќе имаат конкурентски производи. „Apple“ се подготвува да издаде свој паметен домашен звучник кој работи со „Siri“. „Google“ има неколку домашни апарати кои исто така работат преку дигитален асистент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП