3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПол-позиција за Зарко во Мотеги, Маркез и Роси потфрлија

Пол-позиција за Зарко во Мотеги, Маркез и Роси потфрлија

Возачот на Тех 3 Јамаха тимот, Јохан Зарко стигна до изненадувачка пол-позиција на квалификациите на дожд во Мотеги за Јапонското ГП, откако Марк Маркез и Валентино Роси направија грешка во изборот на гуми.

Откако постави најдобро време на дожд досега на четвртиот тренинг, лидерот во генерален пласман Маркез беше фаворит за пол-позицијата, но тој направи тактичка грешка избирајќи мазни гуми при второто излегување, кога патеката не беше доволно исушена, слично како Валентино Роси, и двајцата не успеаја да ги подобрат своите времиња.

Ова го искористи Французинот Зарко, кој постави време од 1:53.469 во последните минути од квалификациите за пол-позиција пред уште едно изненадување, Данило Петручи во Прамак Дукати и Маркез на третото место. По него следува Алеш Еспархаро, Дани Педроза, Бредли Смит и Пол Еспархаро, додека главниот ривал на Маркез за титулата, возачот на Дукати, Андреа Довициозо беше само деветти. Валентино Роси беше на 12. место, додека неговиот колега од Јамаха, Маверик Вињалес ќе стартува како 14. откако не ги мина првите квалификации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП