23 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКалиниќ го пропушта миланското дерби

Калиниќ го пропушта миланското дерби

Никола Калиниќ, најверојатно, ќе ги пропушти следните два натпревари на Милан откако повредата на бутниот мускул се покажа посериозна отколку што во прв момент се веруваше.

Тимскиот доктор на „росонерите“ најави дека учеството на Калиниќ во „Дерби дела мадонина“ е неизвесно, но сега италијанските медиуми јавуваат дека напаѓачот воопшто не тренирал во петокот и речиси сигурно не игра против Интер в недела, а неизвесно е дали ќе може да се врати на дуелот од Лигата на Европа против АЕК Атина поради слабата физичка подготвеност.

29-годишниот хрватски интернационалец постигна два гола во седум настапи за Милан по трансферот од Фиорентина ова лето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП