18 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВан дер Сар: Одбив трансфер во Ливерпул

Ван дер Сар: Одбив трансфер во Ливерпул

Голманската легенда на Манчестер јунајтед, Едвин ван дер Сар открива дека одбил шанса да се приклучи на лутите ривали на „ѓаволите“, Ливерпул во 1999 година. Холанѓанецот стана миленик на фановите при шестгодишниот престој во Манчестер јунајтед по трансферот од Фулам во 2005 година.

Тој освои осум трофеи на „Олд Трафорд“, вклучувајќи четири титули од Премиерлигата, два од Лига купот, една од Лигата на шампионите и една од Светското клупско првенство. Но, сега тој открива дека имал шанса да дојде во Ливерпул во 1999 година, кога играше за Ајакс, каде што исто така освои четири титули и еден трофеј од ЛШ. Наместо Ливерпул, Ван дер Сар заврши во Јувентус.

„Кога заминав од Ајакс во 1999 година, зборував со тогашниот менаџер на Ливерпул, Жерар Улие. Ме прошетаа околу ‘Енфилд’ и се сретнав со претседателот на тимот и со неколку играчи. Размислував за тој трансфер, но кога дојдоа од Јувентус, ми изгледаше поголем предизвик да играм во Италија“, изјави Ван дер Сар во интервју за магазинот „Фор фор ту“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП