28 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАгуеро посакува Меси да дојде во Сити

Агуеро посакува Меси да дојде во Сити

Аргентинскиот фудбалер Серхио Агуеро би сакал во Манчестер сити да му се приклучи неговиот сонародник Лионел Меси.

Агуеро и Меси се добри пријатели и соиграчи во репрезентацијата на Аргентина, а Меси сѐ уште го нема продолжено својот договор со Барселона, кој истекува во јуни 2018 година.

„Кој не би сакал да го има Меси во својот тим? Би сакал да дојде во Сити, но мислам дека тоа ќе биде многу тешко. Парите тука не се проблем. Меси е еден од оние елитни играчи, каков што е и Роналдо, тој е симбол на клубот и ќе му биде тешко да го напушти“, рекол Агуеро.

Аргентина во последниот квалификациски меч успеа да избори пласман на мундијалот во Русија, а најзаслужен за триумфот во Еквадор беше Меси, кој ги постигна трите гола за „гаучосите“. Агуеро не беше во тимот за овој натпревар бидејќи е повреден.

„Со мојата мајка заедно го гледав мечот. Беше нервозно, но на крајот бев воодушевен. Разговарав со Меси, му честитав и му се заблагодарив за она што го направи“, рекол Агуеро.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП