30 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНаполи остана без тренер

Наполи остана без тренер

valter-macari-9238735

Тренерот на Наполи Валтер Мацари по поразот од Рома со 1:2 во последниот натпревар од Серија А за оваа сезона, објави дека си заминува до клубот. Потсетуваме дека под раководство на Мацари Наполи стигна до второто место во Серија А и доби право да игра во Лигата на Шампионите.

„Им благодарам на навивачите за поддршката, но мојот престој во Наполи заврши. Јас одлучив да си заминам уште минатото лето и токму поради тоа не го продолжив договорот. Тогаш немав претстава како ќе се развива сезоната, па поради тоа навистина сум среќен што го постигнавме овој разултат. Но како што вели Фабио Капело – за еден тренер во Италија не е добро да работи во еден клуб повеќе од 4-5 години. Фудбалерите ме познаваат одамна, па ако останев некои играчите едноставно немаше да го чувствуваат истиот оган и мотивација. Благодарам и на претседателот Аурелио де Лаурентис, кој до последен момент се надеваше дека ќе ја променам одлуката”, рече Мацари.

Меѓу варијантите за неговата иднина се споменува Рома, Интер, а дури и рускиот Анжи (Махачкала). Не е исклучено тренерот да си земе и една година одмор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП