3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЏордан: Два супер тима ќе ѝ нанесат штета на НБА-лигата

Џордан: Два супер тима ќе ѝ нанесат штета на НБА-лигата

Кошаркарската легенда Мајкл Џордан изјавил дека моментната распределба на силите во НБА-лигата им одговара само на мал број тимови.

Поранешната ѕвезда на Чикаго Булc, и според многумина најдобриот во историјата на оваа игра, сега е сопственик на НБА-тимот Шарлот Хорнетс.

„Гледајќи од натпреварувачка страна, мислам дека на НБА-лигата ќе ѝ биде нанесена штета. Ќе имаме еден или два тима што ќе бидат брилијантни, а другите 28 ќе бидат ѓубре. Ако не, ќе имаат проблеми да преживеат во деловното окружување“, рекол Џордан.

Последните неколку сезони во лигата доминираат Голден Стејт Вориорс и Кливленд Кавалирс поради што во САД често се поставува прашањето дали и во иднина овие два тима целосно ќе доминираат во лигата.

Очекувањата се дека и оваа сезона за титулата ќе се борат Голден Стејт и Кливленд, а мали шанси дека може да стигнат до финалето има се даваат на Оклахома, Хјустон и Бостон.

Џордан проговорил и за вечната дилема кој е најдобриот на сите времиња.

„Никогаш не сум играл против Вилт Чембрлен или Џери Bест. Да се каже дека некој е подобар од другиот, едноставно не е фер. Јас шест пати бев шампион, а Бил Расел 11 пати. Дали е Расел подобар од мене или јас од него? Не, бидејќи игравме во различни периоди“, заклучил Џордан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП