30 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧелзи го „мерка“ Боачи од Ц.звезда

Челзи го „мерка“ Боачи од Ц.звезда

Скаути на Челси, по налог на менаџерот Антонио Конте, на наредните две средби кои Црвена звезда ќе ги одигра против Арсенал во Лига Европа, ќе го следат напаѓачот од Гана, Ричмонд Боачи.

Напаѓачот од Гана, на почеткот на годината пристигна во Црвена звезда и со своите партии и голови ги освои срцата на навивачите на белградскиот клуб. Боачи во новата сезона, во Лига Европа, веќе има постигнато осум голови, во второто коло со неговиот гол „црвено-белите“ славеа во Келн.

Боачи (24) го привлече вниманието на неколку европски тимови, а менаџерот на Челси, реши да испрати свои скаути да го следат на мечот со Арсенал во Белград (19 октомври).

Конте пред пет години го донесе Боачи во Јувентус, но тој не запиша ниту еден настап за клубот од Торино. Играше како позајмен играч во Сасуоло, Елче, Рода, Латина, а од јануари е во Белград.

Челси бара играч кој ќе го наследи Диего Коста, кој се врати во Атлетико Мадрид, а според англиските медиуми за услугите на Боачи, Конте е подготвен да плати 10 милиони фунти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП