10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛајпциг за малку го промашил Килијан Мбапе

Лајпциг за малку го промашил Килијан Мбапе

РБ Лајпциг имале шанса да го добијат Килијан Мбапе во 2015 година, тврди спортскиот директор на бундеслигашот, Ралф Рангник. 18-годишниот Мбапе замина во тимот на Пари Сен-Жермен за 180 милиони евра од Монако, откако многумина го ценат францускиот репрезентативец како еден од најталентираните фудбалери на денешницата.

Рангник вели дека тие имале договор за потпис со Мбапе, откако таткото на напаѓачот го понудил на тогаш второлигашкиот клуб. Меѓутоа, таткото на Мбапе барал гаранција дека тој ќе стане тренер на Лајпциг, нешто што сопствениците на тимот не сакале да го потврдат.

„Имавме потпис со Килијан Мбапе на почетокот на 2015. Проблемот беше што тогаш го отпуштивме тренерот Александер Цорнигер, и во тој момент не знаевме кој ќе биде наш тренер. Таткото на Килијан сакаше да стане тренер за потписот. Но, не можев да му го ветам тоа тогаш“, вели Рангник.

На крајот, Цорнигер беше заменет со Ахим Бајерлорцер до крајот на сезоната, кога Рангник стана тренер, успевајќи да се пласира во Бундеслигата таа сезона. Неговата замена, Ралф Хазенхитл минатата година го однесе тимот до Лигата на шампиони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП