28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООдбојкарите ќе бркаат ЕП против Украина, Унгарија и Швајцарија

Одбојкарите ќе бркаат ЕП против Украина, Унгарија и Швајцарија

Mакедонската одбојкарска репрезентација ќе се бори со Украина, Унгарија и Швајцарија за место на Европското првенство во 2019 година, кое ќе се одржи во Франција, Словенија, Белгија и Холандија.

Покрај четирите организатори, уште осум репрезентации се квалификувани директно како резултат на пласман од претходното ЕП во Полска: Русија, Германија, Србија, Италија, Бугарија, Чешка Република, Полска и Турција.

Директно на првенството се квалификуваат најдобрите во седумте квалификациски групи, како и петте најдобро второпласирани. Квалификациите почнуваат на 15 август, а завршуваат на 9 јануари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП