9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПоради повреда Конта нема да патува во Сингапур

Поради повреда Конта нема да патува во Сингапур

Најдобрата британска тенисерка, Јохана Конта ќе го пропушти ВТА финалето во Сингапур, откако се повлече од Кремљ купот следната недела поради повреда на стапалото.

На 26-годишната Конта и беше потребно да стигне до финалето во Москва за да обезбеди место за елитниот турнир на кој играат осумте најдобри тенисерки во календарската година.

Конта се повреди пред Хонгкок опен овој месец, а дотогаш беше на последното место кое води на финалето. Низата од пет порази значеше дека таа ќе биде заменета од Французинката Каролине Гарсија.

Со ова се комплетира составот за турнирот, предводен од светската тенисерка број 1, Романката Симона Халеп и шампионката од Вимблдон, Шпанката Гарбиње Мугуруза, а за одбележување е и пласманот на 37-годишната Американка Венус Вилијамс.

ВТА ФИНАЛЕ – СИНГАПУР

(1) Симона Халеп (Ром)

(2) Гарбиње Мугуруза (Шпа)

(3) Каролина Плишкова (Чеш)

(4) Елина Свитолина (Укр)

(5) Каролине Вознијацки (Дан)

(6) Венус Вилијамс (САД)

(7) Јелена Остапенко (Лет)

(8) Каролине Гарсија (Фра)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП