23 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОМурињо: За Ливерпул се подготвуваме како за секој натпревар

Мурињо: За Ливерпул се подготвуваме како за секој натпревар

Тимот на Манчестер јунајтед ќе се подготвува за супер-дербито со лутите ривали Ливерпул како пред било кој меч, вели менаџерот Жозе Мурињо.

Ова е голема спротивност од легендарниот менаџер на Јунајтед, Сер Алекс Ферусон за кој ова беше најзначајниот натпревар во сезоната, како што неодамна откри Гери Невил.

Јунајтед имаат силен старт на шампионатот и се на второто место во лигата зад градските ривали Манчестер сити поради послаба гол разлика. Јунајтед има 21:2 скор и 19 освоени поени. Ливерпул од друга страна, има големи проблеми со одбраната и се на седмото место во шампионатот и Мурињо вели дека мечот не е толку важен во овој дел од шампионатот.

„Кога сте во голем клуб, голем играч, голем тренер, тогаш секој натпревар е важен. Не може некои мечеви да се гледаат како да се финалиња, а други поинаку. За мене, секој меч е финале и така било постојано. Но, се освојуваат три поени, а не четири. Во овој момент во сезоната тоа е тоа и останувам со таков приод“, вели Мурињо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП