ПочетнаИНТЕРЕСНОКуманово загуби од тимот на Левски

Куманово загуби од тимот на Левски

Тимот на Куманово загуби во меч од БИБЛ лигата од тимот на Левски од Софија, откако во израмнет меч домаќините беа подобри со 85:78.

Минатогодишниот финалист од балканската лига, беше еднаков противник во првото полувреме, во кое бугарскиот тим имаше предност од само еден поен (45:44). Најефикасен во македонскиот тим беше Миљковиќ со 17 поени, Караџовски уфрли 16, а капитенот Јанески 15.

Левски – Куманово 85:78 (27:25/18:19/21:16/19:18)

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП