17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФалкао ја "намести" Перу-Колумбија 1:1(видео)

Фалкао ја “намести” Перу-Колумбија 1:1(видео)

Дуелот меѓу Перу и Колумбија во вторникот навечер заврши со реми 1:1, резултат кој одговараше на двете репрезентации, и по кој носителите на трофејот од Копа Америка, Чиле не се квалификуваа на Светското првенство во Русија

Откако првото полувреме во Лима заврши 0:0, Џејмс Родригез и донесе водство на Колумбија по асистенција на Радамел Фалкао, но Перу израмни во 76. минута со голот на Пабло Гереро. Со овој резултат, Колумбија го освои четвртото место во јужоамериканската група и директен билет за Русија, додека Перу се петти и ги очекува дуел со Нов Зеланд за пласман.

Чилеанските медиуми го обвинија поранешниот играч на Манчестер јунајтед и Челси, а сегашен член на Монако, Фалкао дека при резултат 1:1 почнал да зборува со играчите на Перу со прикриена уста, по што Перуанците ја „смирија“ играта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП