3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОAБА: Божиќ од Задар МВП на третото коло

AБА: Божиќ од Задар МВП на третото коло

Играчот на Задар, Лука Божиќ, е МВП на третото коло во регионалната кошаркарска АБА-лига.

Задар синоќа во СЦ „Јане Сандански“ го победи МЗТ 85:80, а иако Ноулс со 25 поени беше најефикасен на теренот, Божиќ го предводеше тимот до првата сезонска победа во Јадранската лига.

Божиќ имаше индекс на корисност 32 бидејќи натпреварот го заврши со 16 поени, 9 скока, 4 асистенции и една блокада. Исто така, Божиќ беше единствениот кошаркар што ги одигра сите 40 минути.

Во индивидуалните категории соиграчот на Божиќ, Американецот Престон Ноулс, во третото коло постигна најмногу поени (25) и имаше најмногу украдени топки (8). Најмногу асистенции во ова коло забележаа играчите на Мега Бемакс и Партизан, Никола Ребиќ и Најџел Вилијамс-Гос, по 9, а најмногу скокови имаше центарот на Олимпија, Џордан Морган (12).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП