30 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОТоше Ончев на позајмица во Пелистер

Тоше Ончев на позајмица во Пелистер

Ракометните клубови Вардар и Пелистер се договорија левото крило Тоше Ончев на „црвено-црните“ до крајот на оваа натпреварувачка сезона да настапува како позајмен играч во екипата од Битола.

Ончев пред почетокот на сезоната беше прекомандуван од екипата на Вардар јуниор во првиот тим и ги мина подготовките.

На позицијата лево крило, покрај Ончев, пријавени за настап во СЕХА-лигата и ЕХФ-лигата на шампионите се уште и Тимур Дибиров и Владо Недановски, а за мечевите во СЕХА-лигата пријавен е и Стефан Чакалиќ. Ончев сезонава играше на два натпревара во СЕХА-лигата и постигна три гола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП