24 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Граѓаните“ подготвуваат 400 милиони евра за Меси?

„Граѓаните“ подготвуваат 400 милиони евра за Меси?

Манчестер сити е подготвен да ја искористи мешаницата околу договорот на Лионел Меси со Барселона со понуда од 400 милиони евра во јануари, тврди шпанскиот весник „АС“.

Барселона уште летово објави дека Аргентинецот потпишал нов договор со каталонскиот тим за да остане до 2021 година, меѓутоа овој договор останува несигурен бидејќи самиот Меси уште не го потпишал.

Сегашниот договор на Меси му истекува следното лето, што значи дека клубовите ќе можат да почнат да преговараат со него уште во јануари. Според „АС“, Сити веќе имале сериозни преговори со неколку блиски луѓе на Меси, кој во Манчестер повторно би работел со својот поранешен менаџер, Пеп Гвардиола.

Каталонците сакаа да го обврзат Меси на договор за да се избегне слична ситуација како таа со Нејмар, кого Пари Сен-Жермен го купи за 222 милиони евра, откупувајќи го неговиот договор со Барселона.

30-годишниот Меси во моментов е со аргентинската репрезентација пред клучниот меч со Еквадор во средa наутро, по кој ќе се знае дали тимот ќе се квалификува на СП во Русија. Аргентина е само шеста во јужноафриканските квалификации, во кои првите четири се квалификуваат директно, а петтиот ќе игра бараж.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП