17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПознати новите имиња за „Златната топка“

Познати новите имиња за „Златната топка“

„Златната топка“ е најпрестижната индивидуална награда во светот на фудбалот. Организаторот „Франс фудбал“ денес во определени термини ги објави имињата на 30 фудбалери што се номинирани за оваа награда.

Откако претпладнево „Франс фудбал“ ги објави имињата на првите петтемина фудбалери (Нејмар, Лука Модриќ, Марсело, Паоло Дибала, Н’Голо Канте), неколку часа подоцна магазинот излезе со нови пет имиња.

Во конкуренција за „Златната топка“ влегуваат капитенот на Реал Мадрид, Серхио Мадрид, голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак, фудбалерот на Ливерпул, Фелипе Кутињо, односно напаѓачите на Наполи и Барселона, Дрис Мертенс и Луис Суарез

Во третиот круг во конкуренцијата за „Златната топка“ влегуваат и напаѓачите на Рома, Баерн и Тотенхем, Един Џеко, Роберт Левандовски, Хари Кејн, голманот на Манчестер јунајтед, Давид де Хеа, и фудбалерот на Манчестер сити, Кевин де Брујне.

Во изборот на „Франс фудбал“ учествуваат новинари од целиот свет, а за наградата на ФИФА гласаат капитените и селекторите на сите репрезентации кои се членки на светската куќа на фудбалот.

Фаворит за освојување на наградата за 2017 година е актуелниот победник Кристијано Роналдо, кој во случај да ја добие „Златната топка“ ќе се израмни со рекордерот Лионел Меси, кој е петкратен освојувач на наградата.

Магазинот „Франс фудбал“ наградата „Златна топка“ ја доделува од 1956 година. Во периодот од 2010 до 2015 година наградата заеднички ја доделуваа францускиот магазин и Светската фудбалска федерација (ФИФА).

Минатата година партнерството е раскинато и сега ФИФА и „Франс фудбал“ доделуваат посебни награди за најдобриот фудбалер во светот во изминатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП