1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИбрахимовиќ може да се врати порано од предвиденото

Ибрахимовиќ може да се врати порано од предвиденото

Златан Ибрахимовиќ би можел да се врати на фудбалските терени порано од она што го предвидуваат лекарите.

По тешката повреда и операцијата на лигаментите на коленото, прогнозите на лекарите беа дека Ибрахимовиќ ќе може да му се врати на фудбалот на почетокот на 2018 година, но информациите што ги пласираат англиските медиуми говорат дека напаѓачот на Манчестер јунајтед ќе конкурира за место во тимот на почетокот на декември.

Прогнозите се дека Ибрахимовиќ ќе започне да тренира со полн интензитет за две недели.

„Се чувствувам добро по операцијата, тренирам секојдневно. Кога ќе се вратам, ќе бидам уште подобар, ќе бидам подобра верзија на стариот Златан. Замислете како ќе изгледа тоа“, изјави неодамна Ибрахимовиќ.

Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо, очекува Ибрахимовиќ да биде во тимот за дербито со Арсенал, кое на програмата е на 2 декември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП