19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗапочнува 16-тата сезона во Еврокупот

Започнува 16-тата сезона во Еврокупот

Улм и Тофаш вечерва ќе ја отворат 16. сезона во кошаркарскиот Еврокуп. Германско-турската пресметка се игра во рамките на Д-групата, во која уште партиципираат Асвел (Франција), Тренто (Италија), Гран Канарија (Шпанија) и Зенит (Русија).

Еврокупот од оваа сезона брои 24 екипи кои ќе се борат за титулата, кои се распоредени во четири групи. Победникот ќе обезбеди директен пласман во Евролигата во сезоната 2018/2019.

Второто според квалитетот натпреварување на УЛЕБ низ годините минува во доминација на тимовите од Шпанија и Русија, а во последните осум години само турски Галатасарај (2016 година) успеа да го разбие монополот на тимовите од овие две земји.

Обложувачниците најмногу шанси за освојување на титулата му даваат на шампионот од 2013 година, Локомотив Кубан, втор е освојувачот на Еврокупот во 2012 година, Уникс Казањ, а зад рускиот двоец се турските Галатасарај и Дарушафака, односно минхенски Баерн.

Еврокуп, сезона 2017/2018:

Група А: Цедевита (Хрватска), Дарушафака (Турција), Фиат Торино (Италија), Левалоа (Франција), Мора банк Андора (Шпанија), Уникс (Русија)

Група Б: Будуќност (Црна Гора), Баерн Минхен (Германија), Галатасарај (Турција), Реџо Емилија (Италија), Хапоел Ерусалим (Израел), Лиеткабелис (Литванија)

Група Ц: Алба Берлин (Германија), Билбао (Шпанија), Лијетувас Ритас (Литванија), Лимож (Франција), Локомотив Кубан (Русија), Партизан (Србија)

Група Д: Улм (Германија), Тофаш (Турција), Асвел (Франција), Тренто (Италија), Гран Канарија (Шпанија) и Зенит (Русија).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП