20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМакпетролките првиот ден имаа големи шанси за медал, петто место за Моника...

Макпетролките првиот ден имаа големи шанси за медал, петто место за Моника Стефановска

Првиот ден од натпреварите во Австрија, Макпетролките се најуспешни од Македонската експедиција на 24 спортисти.

Бошко Заборски тренерот на Макпетрол известува од Салзбург дека: Каратистката на Макпетрол, Моника Стефановска -68 кг, е најдобро пласирана Македонска каратистка на турнирот од А серија кој е дел од Светската 1Премиер карате лига , кој викендов се одржува во Салзбург, Австрија. Патот до високиот пласман на петтото место не беше ни малку лесен. Таа во првото коло се сретна со светската шампионка од Франција Агиер Ализие и загуби минимално со 0-1, потоа Французинката беше незапирлива и влезе во финалето. Тоа за нас значеше шанса преку репасажните борби да се стигне до бронзениот медал. После три последователни победи со одмор од само две минути помеѓу борбите, Моника за жал не успеа да го освои бронзениот медал во директна борба со Сања Цвркота од Србија загуби со резултат 0:4. Во репасажот таа извојува победи со: Алиса Вигерден од Холандија 5-0, Луана Дебати од Белгија ја победи со 2-1. Потоа Бркич Емина од Бих ја победа со 4-1.

Овој висок пласман на Моника Стефановска и носи сигурен пласман и учество на Премиер лигите од Јануари 2018 година. Таа пласманот го направи во конкуренција на 76 спортистки од 86 држави .

Одличен настап имаше и каратистката Сара Радичевска -50 кг, исто од Макпетрол, таа имаше три последователни победи со: Тоцкан Умај од Турција 2-0, второ коло победи со Тасин Валентина од Италија 2-1,  трето коло победи со Лоунес Сирине од Франција4-3,   во четвртфиналето загуби од повеќекратна светска и европска шампионка Французинката Александра Речи,  во полуфиналето Французинката загуби и не успеа Сара да ја повлече во репасажните борби за бронзениот медал , во категоријата кај Сара имаше 65 пријавени спортистки. На овој турнир има рекордни 1416 пријавени спортисти.

За утрешниот ден останува настапот на Симона Заборска во -55 кг: –  заврши Заборски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП