28 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСуслина во Топ-5 одбрани - Цвијиќ меѓу трите ѕвезди на колото

Суслина во Топ-5 одбрани – Цвијиќ меѓу трите ѕвезди на колото

Вардар го победи ФТЦ со 34-31 во првото коло од групната фаза на лигата на шампионите, а две ракометарки на „црвено-црните“ тим веднаш влегоа во изборот на ЕХФ.

Драгана Цвијиќ во првиoт официјален меч за вардар покажа дека ќе биде големо засилување. Таа е меѓу трите најдобри ѕвезди на колото. Постигна седум голови и играше одлично, и во одбрана и во напад.

Изборот на трите ѕвезди на колото можете да го погледнете тука.

Голманката Ина Суслина влезе во второто полувреме на средбата кога победникот веќе беше решен, а продолжи да брани подеднакво добро како и нејзината колешка Амандин Лејно дотогаш. Суслина имаше неколку добро одбрани, а една е избрана од страна на ЕХФ во најдобрите пет на колото.

Одбраната на Суслина погледнете ја на следниот линк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП